Премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Зоран Ставрески, министерот за привлекување странски инвестиции Џери Наумов и сопственикот на италијанската фирма „Кондево“ Рафаеле Џенони денеска извршија обиколка на стартот на градежните работи на новата фабрика која се гради во ТИРЗ зоната во Штип.
Во фабриката на италијанската фирма „Кондево“ ќе се произведуваат делови за кондензациски бојлери. Инвестицијата чини над 30 милиони евра, а во неа ќе се вработат најмалку 280 работници и стручен кадар.
„Италијанската компанија Кондево е уште една од низата компании кои ги препознаа бизнис условите кои ги нуди Македонија и поволностите кои како Влада ги креиравме за странските инвеститори. Благодарение на тоа овој реномиран италијански производител на компонентни за бојлери донесе одлука со која ќе инвестира најмалку 50 милиони евра во својот нов погон во Македонија. Со реализацијата на оваа инвестиција ќе бидат отворени 280 нови работни места за штипскиот регион. Новата фабрика ќе претставува глобален производствен капацитет каде „Кондево“ ќе ги лансира своите нови патентирани производи. Целокупното производство е планирано за извоз со што Кондево уште повеќе ќе го засили растечкиот извоз од Македонија“, рече Груевски.
Тој нагласи дека најважно е што италијанската фирма „Кондево“ ќе донесе и многу нови знаења, практична работа со високо софистицирана и врвна технологија, а тоа ќе значи, подвлече, и можности за многу инжинери, квалификувани работници и менаџери да имаат можност да се вработат и да работат во модерна автоматизирана фабрика.
„За поздравување е и најавата на компанијата за инвестиции во образованието преку отворање на програми за стипендирање на млади, можности за стекнување приправничко искуство како и соработка со истражувачката дејност со техничкото училиште Средно општинско училиште „Коле Нехтенин“ и Универизетот „Гоце Делчев“ од Штип“, истакна Груевски.
Премерот потенцира дека и во наредниот период Владата ќе работи на привлекување на други инвеститори, а токму италијанската фирма „Кондево“, потсети, е една од оние фирми коишто за инвестирање во Македонија се заинтересирале откако македонската Влада имала презентација во Палермо.
Според премиерот причина за инвестирање во Македонија се условите кои ги нуди Владата, како и намалувањето на даноците, олеснувањето на сите постапки при отворањето на вакви стратешки објекти.
Сопственикот на италијанската фабрика „Кондево“, Рафаеле Џенони истакна дека за само 15 месеци откако се заинтерсирал да инвестира во Македонија веќе стартуваат градежните работи на погонот во Македонија во кој ќе се произведуваат компоненти за бојлери.
„Министерот Џери Наумов беше во Палермо и покрај неговата агенда која веќе беше исполнета со состаноци тој успеа да најде време за еденчасовен состанок во текот на паузата за ручек. Нашата деловна средба траеше повеќе од два часа и ние вендаш ја договоривме првата посета на Македонјиа која ја остварив по две недели. Гледајќи наназад а особено додеда размислувам за гоелмата работа што се заврши во изминатава година не ми се верува дека само пред помалку од една година започна оваа неверојатна и храбра авантура и дека стигнавме тука за рекордно време“, рече Џенони.
Наумов истакна дека во италијанската фирма „Кондево“ ќе се обезбеди професионално вработување на стручен кадар за околу 280 луше меѓу кои инжинери, технички работници и менаџери што ќе бидат потребни за управување на софистицирана машинерија и производствените линии.
„Нивните вработени ќе добиваат интензивна обука стекнувајќи се притоа со деловни практики од работењето со оваа иновација на ефикасна технологија за топлинска кондезација, вклучувајќи ги тука и нивните три нови патентирани производи. Тие ќе ги извезуваат нивните компоненти до светски реномирани клиенти: Вајлант, Бош Вајсман во Европа главно во Германија и Италија потоа Турција, Иран и Северна Америка“, рече Наумов.
Тој истакна дека „Кондево“ покажал исклучителна желба да соработува со регионално техничко училиште и штипскиот универзитет за да на студентите и учениците им се понудат стипендии, уникатни програми за обука, лабораториска работа и специјално стажирање.