Партерно се уредува чешмата која што се наоѓа на плоштадот во селото Лешани, така што се изгради настрешница од метална конструкција покриена со шиндра и се санира оградата, информираат од Општина Дебрца.
Исто така ќе се постават и дрвени клупи со што ќе се добие ново уредено катче за најмладите. Чешмата кај чинарот ќе биде партерно уредена, со што ќе се поплочат патеки со травертин,ќе се постават дрвени клупи и ќе се уреди изворот, додаваат оттаму.