Соопштение од МОН

Министерството за образование и наука им соопштува на сите студенти дека по сместувањето на студентите согласно Конкурсот во првиот предвиден рок, во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија, останаа непополнети места дадени во табеларниот преглед, и тоа:

Реден број

СТУДЕНТСКИ ДОМ

МЕСТО

ВКУПЕН БРОЈ НА СЛОБОДНИ ЛЕГЛА

1

ДСД “СКОПЈЕ”

-ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Скопје

111
-СТИВ НАУМОВ – трета зграда

Скопје

341

2

ДСД “ПЕЛАГОНИЈА”

Скопје

261

3

ДСД “ТОМЕ СТЕФАНОВСКИ СЕНИЌ”

Скопје

543

4

ДСД “КОЧО РАЦИН”

Битола

100

5

ДСД “НИКОЛА КАРЕВ”

Охрид

38

6

ДСД “БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ”

Штип

8

7

ДСД “ОРДЕ ЧОПЕЛА”

Прилеп

91

9

ПСД “ОАЗА”

Штип

25

10

ПСД “ХИЛЈАДНИКОВ”

Штип

29

11

ПСД “ЛОГОС”

Штип

17
ВКУПНО:

1564

Од 15.09.2015 до 25.09.2015 година ќе продолжи електронското пријавување до пополнувањето на слободните места , но најдоцна до 25.09.2015 година.

На Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2015/2016 година имаат право да конкурираат сите студенти кои сакат да го остварат правото на сместување во студентски домови.

Потребна документација

1. При електронското пријавување, студентите кои претходно биле одбиени заради неидентични податоци во електронската пријава и доставената документација или некомплетна докумнетација, пополнуваат електронска пријава и до комисиите доставуваат:

• Молба со административна такса од 50,00 денари;

• Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;

• Изјава за согласност за дополнителен избор на студентски дом (доколку се пополни капацитетот во избраниот дом);

• Изјава за идентичност на податоците;

• Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
(сите овие документи се принтаат од интернет страницата на Министерството з аобразование и наука).

 Кон овие документи се приложува само документ со кој ќе се докаже корекцијата во Е- апликацијата. ( не се повторуваат документите кои биле идентични со Е- апликацијата во претходното аплицирање)

2. Студентите кои прв пат се пријавуваат, пополнуваат електронска пријава и ги доставуваат до комисиите следните документи:

1. Молба со платена административна такса од 50,00 денари;

2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;

3. Потврда за редовност во текот на студиите;

4. Испечатена електронска пријава заради проверка на податоците;

5. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години;

6. Заверен образец “УППИ”;

7. Студентите запишани за прв пат во I година, наместо потврда за редовност (точка 3), доставуваат само копија од дипломата за завршено средно образование;

8. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;

9. Документ за кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби, со кој ќе докажат писмено нивниот статус;

10. Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;

11. Изјава за согласност за дополнителен избор на студентски дом (доколку се пополни капацитетот во избраниот дом);

12. Изјава за идентичност на податоците;

13. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;

14. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јули 2015 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потрда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход, за корисници на социјална помош да доставуваат последно решение или последен чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;

15. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:
– потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Македонија;
– документација од Управата за јавни приходи;
-извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
– уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се лица со посебни потреби ги доставуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12.

Кандидатите кои конкурираат за студентски дом во Скопје, горенаведените документи ги доставуваат од 9 – 15.30 часот до Комисијата за прием и проверка на документацијата на адреса Министерство за образование и наука, Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје и тоа почнувајќи од 16.09.2015 година до 26.09.2015 година.

Кандидатите кои конкурираат за студентски дом надвор од Скопје, горенаведените документи ги доставуваат до Комисијата за прием и проверка на документацијата во домот за кој конкурираат.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:
-некомплетна и
-ненавремено доставена.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

Комисиите за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2015/2016 година, тековно ќе објавуваат списоци со студенти на кои им се одобрува легло во студентски дом и број на преостанати слободни места во студентските домови

Списоците ќе се објавуваат на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk

Приговор по резултатите се доставува до архивата на Mинистерството за образование и наука, Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје во рок од 3 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Студентот се вселува во студентскиот дом веднаш по објавениот список.