Охриѓанец заработи кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Р. (64) од Охрид.

Пријавениот, во текот на минатата година, во својство на службено лице-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, како и управител на “Кјуб М3“ ДООЕЛ Охрид, ги пречекорил своите овластувања и свесно не ги извршил должните службени ибврски. Тој не извршил уплата на надоместокот за проширена репродукција на шуми во корист на буџет на Република Македонија кој претходно во периодот март-јули 2014 година повеќе приватни баратели на одобренија на сеча ги уплатиле во неговата приватна фирма “Кјуб М3“ ДООЕЛ Охрид. Со тоа, пријавениот Н.Р. го оштетил буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 22.488,оо денари.

Иако не постоела задолжителна законски предвидена документација-геодетски елеборат, пријавениот на едно физичко лице му издал одобрение за сеча и му потпишал испратници за испорака и подигнување на 42 м-3 дрвна маса, со што се стекнал со противправна имотна корист од 10.605,оо денари а на сопственикот на шумата му овозможил корист за сеча и продажба на 42 м3 огревни дрва.