Продолжува традицијата на оштетување возила во Грција

Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани кои летувале во Р.Грција.

Имено, на 14.09.2015 г. на ГП „Богородица“, од страна на лицето Ј.Ч. од Скопје пријавено е дека на 06.09.2015 г. во туристичкото место Калитеа, му било оштетено возилото – марка „Пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, така што на задниот багаж со остар предмет му била изгребана налепницата „МК“ и со гребење му биле напишани буквите – „SLAV“.Случајот не бил пријавен во грчката полиција.

Ова е дванаесетти случај во оваа туристичка сезона каде што се оштетуваат возила на македонски државјани кои летуваат во Грција, а регистрирани се и три случаи на кражба на регистарски таблички.