Директорите на ФЗОМ Стефаноски и Рамадани во посета на подрачната служба во Струга

При денешната посета на подрачната служба во Струга, директорите д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани информираа дека се отворени четири нови аптекарски станици и една нова подвижна аптека. Новите 5 субјекти значат полесна достапност до лекови за 23.000 граѓани.

Новите пет аптекарски субјекти се во следниве населени места:

1. Село Ливада, Струга;

2. Село Буково, Битола;

3. Село Слатино, Теарце, Тетово;

4. Село Морани, Студеничани; и

5. Една подвижна аптека во Валандово.

Проектот Аптекарска станица во населено место во рурална средина е дизајниран да обезбеди континуирана примарна здравствена заштита на осигурениците и полесен пристап до лекови. Аптекарските станици се отвораат согласно со потребите утврдени во мрежата на здравствени установи на Министерството за здравство, бројот на жителите во населените места, оддалеченоста и достапноста на населените места.

Вкупниот број на лица кои се опфатени со овој проект се околу 150 илјади граѓани во Македонија кои што живеат во рурални области и коишто децении наназад, а некои никогаш немале аптеки во близина на местото на живеење.

„Со овој проект го решаваме повеќе деценискиот проблем на граѓаните и овозможуваме тие да имаат достапност до потребните здравствени услуги и лекови.

Да потсетиме, ФЗОМ годишно издвојува значителна сума од скоро 2,46 милијарди денари за лекови за граѓаните во земјава. Тие соодветно се распределени на околу 772 аптеки од кои 66 се аптекарски станици, 6 подвижни и 3 рурални аптеки во земјава со што овозможуваме граѓаните да заштедат и пари и време за набавка на неопходните лекови. Воедно со тоа овозможуваме и отварање на нови работни места.“- информираат од ФЗОМ.

IMG_5413 IMG_5419