Во Охрид се одржува 9-тата Јуниорска балканска информатичка олимпијада. Натпреварите започнаа на 14 септември и ќе траат до 19 септември.
Јуниорската балканска информатичка олимпијада (JBOI) има за цел да ги мотивира учениците од Источна Европа кои се помлади од 15,5 години, да се заинтересираат повеќе за информатиката, да се тестираат и да ја докажат својата способност за решавање на проблемите со помош на компјутерите, и да се воспостават лични контакти со младите луѓе од регионот на Југоисточна Европа.
Оваа Олимпијада е во организација на Здружението на информатичари на Македонија, а на истата учествуваат натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија, БиХ, Грција, Романија, Молдавија, Полска и Кипар.
WebOhrid