Деновиве, во просториите на Царинска управа, врвни експерти од Царинската администрација на Република Турција одржаа обука во областа на контролата и истрагите.
Обуката е резултат на добрата билатерална соработка помеѓу царинските служби на Македонија и Турција. За време на обуката споделени беа искуствата и практиките на земјите во областа на контролите и истрагата, моменталната состојба и потребите и очекувањата за во иднина.
Покрај ова, разгледани беа конкретните резултати од успешно воспоставената соработка во полето на размена на информации и беа разменети мислења и предлози за нејзино продлабочување во иднина.