Пронајдени и одземени садници од растението канабис во Кичево

Вкупно сто и шеесет садници од растението канабис, пронајдоа и одзедоа полициските службеници од полициската станица во Кичево. Акцијата е реализирана на 17-ти овој месец на различни локации кај местата „Башоски нивје“ и „Таироски нивје“ во атарот на кичевското село Туин.

Акцијата за одземање следуваше по претходни оперативни сознанија дека на подрачјето на кичевското село Туин има неколку парцели со добро затскриени насади со стебла во различна големина од растението канабис.

Во акцијата, 108 садници се откорнати од неколку ниви во вкупна површина од 700 метри квадратни, кај месноста „Таироски нивје“ додека 52 стебла од ниви во површина од 40 метри квадратни кај „Башоски нивје“. Насадите, по преходна консултација со јавен обвинител се откорнати и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Полициската станица од Кичево презема натамошни мерки за утврдување на идентитетот на лица кои нелегално ги засадиле и одгледувале насадите од растението канабис. 

U405 008

U405 029