Почна реконструкцијата на регионален пат Битола – Ресен

По завршувањето на подготвителните теренски активности официјално почна реконструкцијата на регионалениот пат Битола – Ресен.

Почетокот на градежните активности го означи премиерот Никола Груевски. Според него, по 35 години за првпат се прави реконструкција на оваа важна сообраќајница.

Планирано е да се реконструираат 27 километри за што ќе бидат инвестирани шест милиони евра. Градежните активности се очекува да се завршат за 12 месеци.