Ученици од Турција во посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ Охрид

Ученици и наставници од средното техничко училиште „Мерсинли“ од Измир, Р.Турција во периодот од 16-ти до 20-ти септември беа во посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. Двете училишта во 2013 година потпишаа спогодба за пријателство, соработка и споделување на културни вредности.

Учениците и наставниците од овие училишта имаа заеднички часови и работилници во кои разменуваа знаења, вештини и искуства, а во попладневните часови домаќините им ги покажаа убавините на Охрид и регионот преку заедничките прошетки во стариот дел на градот, манастирот Св.Наум и посета на Битола и спомен собата на Кемал Ататурк.

„Оваа соработка е една убава можностзанашитеученици и наставницидастекнатновизнаења и искуства, но и нови пријателства, да запознаат нови места, различни култури и традиции. Ваквите проекти се една убава можност да ги мотивираме учениците да постигнуваат подобри резултати, бидејќи во овие проекти предност им даваме на нашите ученици со подобар успех и примерно поведение“. – истакна директорот Јане Цаноски.