ЈП „Охридски Комуналец“ започна со есенскиот циклус на акции за расчистување на речните корита на реките кои со своето течение поминуваат низ територијата на општина Охрид.
„Овие акции се реализираат по налог на локалната самоуправа со цел темелно расчистување на комуналниот отпад и градежен шут кој несовесни поединци го расфрлаат во околните реки, а превентивно ќе се минимализира можноста од прелевање на реките и поплави во околното земјиште.“– информираат од претпријатието.
Со првата акција е опфатена р.Грашница по нејзиното течение во месноста Лескајца. Расчистувањето се извршува со специјална механизација-ровокопач, а во наредниот период ќе се расчистуваат и другите речни корита по однапред утврдена динамика.