Сириска државјанка се породи во Гевгелија

Сириска државјанка вчера попладне роди здраво девојче во гевгелиската болница. Мајката и детето се наоѓаат во добра состојба. Ова е петти случај на породување на мигрантка во Македонија.

Во периодот од 08,00 часот на 29.09.2015 до 30.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.911 странски државјани, од кои, 1.255 се од машки пол, 215 се од женски, 315 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 126 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.198, Авганистан –347, Ирак-231, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 30.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 106.918 странски државјани, од кои, 70.898 се од машки пол, 14.309 се од женски, 18.025 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.686 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-80.215, потоа Авганистан-11.825, Ирак-7.070, Пакистан-2.817 Палестина-1.155, Сомалија-670, Бангладеж-649, Иран-660, Конго-371, Нигерија-222, Камерун-178, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-118, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 29.09.2015 до 30.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 30.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 29.09.2015 година евидентирани се 5 баратели на азил, сите мажи((еден повреден). Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
28.09/ 17.00 – 29.09 / 17.00

Табановце
Укажана прва помош:133 лица
Вода :418 шишиња
Пакети со храна: 47
Ќебиња: 27
Пакети со хигиена: 6
Пелени за деца: 8 пакувања
Бисквити : 3 кутии ( x 100)

Гевгелија
Укажана прва помош:805 лица
Вода :3848 шишиња
Пакети со храна: 603
ќебиња: 310
Бебешки пелени: 20
Пакети со хигиена:44
Прва помош сет: 13
Транспорт : 3.