Бројни проекти предвидени за УЗ „Видобишта“ и „Железничка“

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, попладнево, одржа средба со жителите од урбаните заедници „Видобишта“ и „Железничка“. Покрај градоначалникот на средбата присуствуваа раководителите од Локалната самоуправа како и директорите од Јавните претпријатија. На средбата Бакрачески ги презентираше тековните проекти и развојните планови за овие урбани заедници.

Жителите од УЗ Видобишта изразија голема благодарност до Локалната самоуправа за реализацијата на проектот за целосна реконструкција на улицата „Ристо Чадо“, која претставуваглавна сообраќајница за овој дел од градот и ги поздравија најавите за реализација на инфраструктурните проекти кои опфаќаат асфалтирање на неколку помали улици во оваа населба, како и изградба на игралиште со детски реквизити.

Од УЗ „Железничка“ ја поздравија иницијативата на градоначалникот Бакрачески за што поскоро решавање на сообраќајниот проблем на Булеварот Железничка со поставување на семафори на дел од раскрсниците сошто ќе се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот на булеварот. Исто така во оваа урбана заедница предвидено е и асфалтирање на неколку помали улици. Покрај овие, за двете урбани заедници, предвидени се и други помали проекти од комуналната сфера.

Ваквите средби кои ги организира општината претставуваат начин на отворена и транспарентна работа, но и претставуваат извор на идеи и решенија за секојдневнитепроблеми на граѓаните.

zeleznicka_vidobista_400 zeleznicka_vidobista_4001 zeleznicka_vidobista_4002