По повод годишнината од смртта на Цар Самоил, денес на Самоиловите тврдини се одржа историски час на кој присуствуваа членовите на историските секции од основните училишта.
На историскиот час предаваше кустос од НУ „Завод и музеј“, кој подетално ги запозна учениците со историски факти за Самоиловото царство.
Ова претставува добра практика која ја воспостави Локалната самоуправа за подобро запознавање на учениците со значајните историски личности за градот.