Екипа на АРМ од 2-ри до 12-ти октомври, учествува на „Шестите воени светски игри“ во Јужна Кореа, кои се во организација на Меѓународниот совет на воени спортови (МСВС). На најпрестижниот и најголем спортски настан каде учествуваат сите армии во светот, членки на МСВС, припадниците на АРМ ќе се натпреваруваат во следните спортски дисциплини: борење-слободен стил, трчање на 800, 1500, 5000 и 10 000 метри, како и маратон на 42 километри.
Шестите воените светски игри се одржуваат во градот Мунгијонг, Јужна Кореа под мотото „Пријателството низ спортот“, каде припадниците на АРМ ќе се натпреваруваат со претставници од армиите на 110 земји, а на натпреварувањата ќе учествуваат околу 8700 војници.
АРМ од 2005 година е полноправна членка на МСВС, со што се стекна со право на учество на сите меѓународни спортски натпревари во организација на оваа меѓународна асоцијација на воените спортови.