По повод 11 Октомври – Денот на народното востание во Р. Македонија, делегација на општина Охрид положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на Андон Дуков, Спас Банџов, Петре Пирузе – Мајски и Мите Богоески во Спомен – паркот на Револуцијата и кај Градски гробишта.
Пред спомен обележјата се поклонија и свежо цвеќе положија и претставници од ОО на Сојузот на Борци на НОАВМ од Охрид и Дебарца, од политичките партии и останати претставници на јавниот живот од Охрид.