Белорусија 0:0 Македонија

Македонската фудбалска репрезентација денес го одигра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2016 кое ќе се игра во Франција. На Борисов арената во Белорусија, Македонија и Белорусија одиграа без голови.

Првото полувреме мина без поголеми возбудувања. Се играше претежно на средината од теренот со многу грешки и прекини, со неколку не толку изгледни шанси на обете страни.

Македонската репрезентација прикажа подобра игра во второто полувреме. Во редовите на нашата репрезентација извршени беа трите замени во 73, 84, 86 минута. Од игра излегоа Брдаровски, Стјепановиќ и Ибраими, а на нивно место влегоа Абдурахими, Алими и Несторовски. Македонија имаше шанси за гол, но и Белорусија на спротивната страна, каде интервенираше Давид Митов Нилсон со што дебитираше за Македонија без да прими гол. На крајот, 0:0 беше и најреален резултат на овој натпревар за завршувањето на овие квалификации.

Во групата Ц, Шпанија го освои првото место со 27 бодови, второто место Словачка со 22, потоа следуваат Украина со 19 бодови, Белорусија со 11, и Луксембург и Македонија со по 4 бодови.

WebOhrid / фото: МРТ