Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Црна Гора на 12 ноември во Скопје

„А“ репрезентацијата на Македонија на 12 ноември на националната арена „Филип Втори“ во Скопје ќе одигра контролен натпревар против репрезентацијата на Црна Гора. Репрезентација предводена од Бранко Брновиќ е рангирана на 72 место на ФИФА листата. Во групата „Г“ од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 година, црногорците се пласираа на четвртата позиција во конкуренција на Русија, Шведска, Австрија, Лихтенштајн и Молдавија. Црна Гора запиша три победи во циклусот за пласман на ЕУРО 2016. Македонија и Црна Гора досега одиграа два пријателски натпревари, имаме една победа во Скопје и пораз во Подгорица.