РК Металург го совлада РК Охрид 2013 во одложениот натпревар од третото коло од ВИП машката Суперлига. Во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, Металург славеше со резултат 30:22 (15:12).
На почетокот од натпреварот Охрид и Металург водеа цврста и изедначена борба. Но, тоа траеше до резултат 8:8. Потоа Металург се одлепи, со серија од 3:0, 8:11. Со толкава разлика заврши и првото полувреме 12:15.
На почетокот од второто полувреме повторно се водеше рамноправна борба, при што Металург ја одржуваше предноста од два до пет гола. Сепак, во последните десет минути конечно дојде до израз евидентната разлика во квалитетот на двата тима. Најголемата разлика тимот на Металург ја имаше во последната минута, 21:30, а средбата заврши со резултат 22:30.
WebOhrid