Утре, со почеток во 12,00 часот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, во организација на „Балкански форум за безбедност“ ќе се одржи Панел дебата на тема: „Европската бегалска криза – причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“ со тези за дискусија:
– Геостратегиските и геополитичките аспекти на причините за појава на бегалската криза,
– Меѓународно-правните стандарди за заштита на бегалците како патоказ за изнаоѓање на ефикасни средства и методи за разрешавање на бегалската криза,
– Бегалската криза и односите меѓу соседите во Југоисточна Европа – нови меѓусоседски заострувања или можности за создавање и изградба на стратегиски партнерства,
– Македонија на главната рута на бегалскиот бран – предизвик за потврда на македонското општество,
– Можните последици по европската безбедност и безбедноста на Република Македонија во контекст на бегалската криза.
На Панел дебатата ќе бидат презентирани размислувања и ставови на експерти и авторитети, посветени на глобалните, регионалните и македонските предизвици за политичко-економските и безбедносните ризици и движења.