Дрвени гуми!?

Автомобилските гуми речиси е невозможно да се распаднат. Новите технологии го продолжуваат животниот век на гумите, но што е со старите гуми!? Најголем дел од нив завршува во отпад, но тие ослободуваат штетни материи доколку се запалат и дојдат во контакт со почвата и подземните води. Затоа, голем дел од гумите се применуваат како нишалки во училишните дворови, заштита на кајчињата и бродовите на пристаништата, покрај патеките за картинг, покрај огради и.т.н.

Природата се бори против најразличниот отпад, па и против гумите. И покрај нивната цврстина, разните временски прилики и неприлики влијаат врз гумите. Можеме да видиме дека овие гуми од минатиот век повеќе наликуваат на дрво отколку на гума.

DrveniGumi2 DrveniGumi3

WebOhrid