Иво Котевски нов директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

На последната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука, функцијата Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ да ја врши Иво Котевски.

Тој оваа функција ќе ја преземе од утре, од досегашниот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој ќе продолжи да ја извршува функцијата Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието на Република Македонија.

Иво Котевски зад себе има богато искуство како новинар и уредник во телевизиите Канал 5 и Телма од 1999 година и новинарската работа ја извршувал се до неговиот ангжман во Министерството за внатрешни работи во 2006 година.

На функцијата Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа од досегашната позиција Помошник министер за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи.