Центарот за управување со кризи учествуваше на вежбата „Украина 2015“

Центарот за управување со кризи (ЦУК) со свои претставници учествуваше на вежбата „УКРАИНА 2015“.

Со учеството на вежбата „УКРАИНА 2015“ се потврдува добрата соработка на Центарот за управување со кризи и Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи („EADRCC“). Секако учеството е и надограување на искуството, при што меѓу главните цели беше развивање на соработката и заедничка реакција на националните и меѓународните тимови. Со тоа се испроба подготвеноста на тимовите и на тим-лидерите во случај на итна состојби од поголеми размери што може да се развие во катастрофа.

Настанот беше организиран, неодамна, од страна на Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи („EADRCC“) и Државната служба за итни состојби на Украина („ЅEЅ“). Република Македонија, беше претставена со пет лица од Центарот за управување со кризи (ЦУК), од кои три лица земаа активно учество во вежбата, како дел од персоналот за поддршка, Олгица Ѓореска – раководител на оддeлението за НАТО и странски класифицирани информации (член на:„DISTAFF“ – Управувачки штаб), Тони Костов – виш соработник при Дежурниот оперативен центар и Даниел Ѓорѓиевски – помлад соработник за НАТО соработка и дисеминација на странски класифицирани информации (членови на:„OSOCC“ – „Он-сајт“ Центар за координација на операциите). Две лица беа дел од програмата за набљудувачи, заменик директорот, Мутаир Максуд и д-р Урим Вејсели – раководител на Секторот за меѓународна соработка.

4-1-ukraina-vezba-2015

Сценариото на вежбата беше базирано врз технолошка катастрофа, што ќе го зафати цивилното население и критичната инфраструктура. Целта беше да се извежбаат процедурите при активирање на Локалните власти за справување со итни состојби („LEMA“), „Он-сајт“ – Центарот за координација на операциите („OSOCC“) и офицерите за врска. Истовремено, една од главните цели на самата вежба беше развивање на соработката и заедничка реакција на националните и меѓународните тимови. Со тоа се испроба подготвеноста на тимовите и на тим-лидерите во случај на итна состојби од поголеми размери што може да се развие во катастрофа. На настанот учестваа повеќе од 1.100 лица, преставници од НАТО земјите и од Партнеството за Мир (ПзМ). Дел од учесниците беа во улога на персонал за поддршка („DISTAFF“ – Управувачки штаб, OSOCC – „Он-сајт“ Центар за координација на операциите) додека дел беа членови на тимовите за урбано трагање и спасување какои и тимови за справување со НХБР настани (нуклеарно, хемиско, биолошко, радиолошко оружје).

Помеѓу државите што зедоа учество со сопствени тимови беа: Ерменија, Азербејџан, Грузија, Унгарија, Јордан, Република Молдавија, Романија, Шпанија, САД, Полска. Инаку, вежбата се реализираше во Лвов, Украина на крај од месец септември (21 – 24.09.2015).