Проектот за условен паричен надомест за семејствата корисници на социјална парична помош ќе продолжи и следната година. За учебната 2015-2016 за таа намена се предвидени 78 милиони денари, информира денеска министерот за труди социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Сарај.
Семејствата корисници на социјална парична помош чии деца се редовни ученици во средно образование со проектот добиваат дополнителна помош од 12.000 денари.
„Овој проект го реализираме од 2010 година и досега се инвестирани 358 милиони денари за овој надомест кој што значи дополнителна финансиска поддршка за семејствата корисници на социјална парична помош“, изјави Спасов.