КК „АВ Охрид“ дебитираше со убедлива победа

Успешен старт на кошаркарите на КК „АВ Охрид“ во дебито во Втората кошаркарска лига. Охридските кошаркари убедливо го совладаа тимот на КК „Ангели“ од Кисела Вода Скопје, со резултат 114-62.

Наредниот натпревар КК „АВ Охрид“ ќе го игра во сабота (31 октомври) повторно пред домашна публика во Спортската сала „Билјанини Извори“, против КК Пелистер.