Дисциплински мерки против 30 вработени во МВР

Во текот на месец октомври, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 30 решенија против 30 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 203 став 1 точка 3, член 206 став 1 точка 2, член 207 став 1 точка 1,2,3,5 и 8, и член 208 став 1 точки 3,4,6,7,10 и 20 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 22 вработени изречена им е мерка – „парична казна” и на осум вработени мерка – „писмено предупредување“, а станува збор за:

Полицаец во ПС од ОН Ѓорче Петров, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (оштетил службено возило на МВР);

Инспектор за НТ со дрога и оружје, СВР Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (каснел на работа, и покажал слаба активност во својата работа во периодот од јануари заклучно со месец април 2015 година);

Виш инспектор за прифат-сменоводител во ПС од ОН Ѓорче Петров, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (одбил да соработува со советникот од СВКПС, односно одбил да биде алкотестиран или да даде крв за анализа, а воедно и одбил да изготви и службена белешка);

Водич на безбедносен реон во дежурна служба во ПС од ОН Демир Хисар, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (бил под дејство на алкохол за време на работа, утврдено присуство на алкохол во крвта со извршено алкотестирање со апарат “Дрегер”);

Полицаец за БПС во ПО за БПС Ресен, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (не исклучил возач и возило од сообраќај, кај кој возач е утврдено присуство на алкохол во крвта.);

Полицаец во ПС од ОН Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „предупредување“ (не изготвил службен материјал по пријавен настан);

Полицаец за прифат – сменоводител на дежурна служба во ПС од ОН Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „предупредување“ (не изготвил службен материјал по пријавен настан);

Инспектор за прифат-сменоводител во ПС од ОН Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „предупредување“ (не изготвил службен материјал по пријавен настан);

Полицаец за БПС во ПО за БПС Свети Николе, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (не санкционирал лице за сторен прекршок);

Лидер на тим во ЕПОИ-Алфа, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (овозможил бегство на лице сторител на кривично дело);

Полицаец во ЕПОИ-Алфа, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (овозможил бегство на лице сторител на кривично дело);

Полицаец во ЕПОИ-Алфа, СВР, Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (овозможил бегство на лице сторител на кривично дело);

Полицаец во ПС од ОН Центар, СВР Скопјем изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за четири месеци (за време на работа седел во приватно моторно возило, и не бил затекнат на работното место);

Полицаец за патрола и интервенции во Дежурна служба, ПС од ОН Берово, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за пет месеци (дошол на работа под дејство на алкохол);

Општ работник во Прифатен центар за странци, РЦ за ГР Север , изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за пет месеци (за време на работа бил под дејство на алкохол);

Полицаец во ПС ОН Велес, СВР Велес, изречена му е мерка „писмено предупредување“(вршел обезбедување на објектот на СВР Велес без формациско оружје, панцир и шлем);

Полицаец во ПСОН-Штип, СВР-Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Потпишал службени белешки без да обрне внимание на содржината на истите, иако ги изготвил друг полициски службеник);

Водич на безбедносен реон во ПСОН-Штип, СВР-Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Фалсификувал помошно досие);

Полицаец во ПСОН-Куманово, СВР-Куманово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Избегнал извршување на работни задачи во ПЕП, така што не ја зел потребната опрема и за истотоне го известил непосредниот старешина);

Полицаец во ПСОН-Штип, СВР-Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Во работно време го управувал своето приватно возило);

Полицаец во ПСОН-Штип, СВР-Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Во работно време го управувал своето приватно возило, кое било со измината важност на сообраќајната дозвола);

Полицаец во ПСОН-Кочани, СВР-Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (несовесно ракувал со службениот пиштол, при што бил испукан еден куршум во просториите на ПСОН-Кочани);

Документарист за евидентирање на покани за глоба, Одделение за прекршоци, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (не го известил навремено старешината дека ќе отсуствува од работа);

Водич на безбедносен реон во ПС од ОН Бит Пазар, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (доаѓал и заминувал од работа без да го извести непосредниот старешина и не носел униформа);

Главен инспектор-раководител во Отсек за странци и реадмисија Тетово, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (заминал во странство без одобрение за патување во странство, не присуствувал на обука и во име на началникот доставил службен материјал);

Водич на безбедносен реон во дежурна служба во ПС од ОН Демир Хисар, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (бил под дејство на алкохол за време на работа, утврдено присуство на алкохол во крвта со извршено алкотестирање со апарат “Дрегер”);

Полицаец во ПС ОН Велес, изречена му е мерка „предупредување“ (не ја носел потребната опрема при извршување на работни задачи);

Полициски службеник во НК за КР Кичево, изречена му е мерка „предупредување“ (не изготвил службен материјал по пријавен настан);

Полициски службеник во НК за КР Кичево, изречена му е мерка „предупредување“ (не изготвил службен материјал по пријавен настан);

Полициски службеник во НК за КР Кичево, изречена му е мерка „предупредување“ (не изготвил службен материјал по пријавен настан).