Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа во 19 часот и 54 минути се случи на регионалниот пат Струга-Подмоље.
Од силината на ударот и здобиените повреди на лице место починал Ајнур Ц. (29) од Кичево. На местото на настанот, смртта е констатирана од доктор од брзата помош во Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди фрактура на лева клучна коска и фрактура на три ребра на лева страна се здобил возачот на возилото М.М (28) од Кичево. Тој со возило на брза помош е пренесен во Општа Болница-Струга-хирургија од каде е префрлен во болницата „Св.Еразмо“-Охрид, а потоа во општата болница Охрид хирургија каде истиот е задржан на понатамошно лекување.
Совозачот Е.М. (24) од Кичево се задобил со фрактура на карлица и фрактура на пет ребра на лева страна од граден кош. Тој е пренесен во болницата за коскени заболувања Св.Еразмо-Охрид, а потоа во општата болница Охрид-хирургија каде е задржан на понатамошно лекување.
Сопатниците во возилото Р.Х. (18) и Д.И. (20) двајцата од Кичево се задобиле со телесни повреди во вид на изгреботини и набиеници во пределот на главата и телото. Тие со возило на брза помош се пренесени во Општа болница-Струга-хирургија и потоа по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.
Сообраќајната незгода е случена поради можна неприлагодена брзина на управување на возилото према условите на регионалниот пат. Возачот М.М. изгубил контрола над возилото кое излетало од коловозот и паднало во канал на десната страна.
На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Струга како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај-Струга.