Бесплатни термини за спортување во Спортската сала „Тодор Александров“ – Велгошти

Во согласност со барањата на Владата на Република Македонија за издавање бесплатни термини во спортските сали, Спортската сала „Тодор Александров“ при ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти ги нуди следните бесплатни термини за сите жители од Велгошти кои се заинтересирани за спорт и рекреација.

Бесплатните термини се секој четврток и секоја сабота од 21 часот до 22 часот.

„Ги покануваме сите жители од Велгошти да се дружат, да спортуваат и да се рекреираат во Спортската сала „Тодор Александров“. “ – велат од училиштето.

 WebOhrid