Изминатиов викенд во организација на градот Прилеп, УСАИД и Параглајдерскиот клуб „Скај Рајдер”се одржа Параглајдерски натпревар „Прилеп Опен 2015”. Учествуваа 80 параглајдеристи од 4 држави: Албанија Бугарија и Косово како и пилоти Параглајдеристи од Македонија.
Првично место на одржување требаше да биде Трескавец, но поради метео условите се леташе од Новоселски рид на 14 км западно од Прилеп, и од Крушево.
Натпреварот се состоеше од 5 серии во кои 3-то место го освои Мартин Јованоски, втор беше Миле Јованоски, а нијанси одлучуваа за освојување на првото место, кое овојпат му припадна на Албанскиот натпреварувач Ислами.
Спортскиот викенд во Прилеп уште еднаш го претстави градот под Марковите кули како одличен домаќин, домашните параглајдеристи како врв на Балканскиот Параглајдинг, особено членовите на Параглајдинг клуб „Делта”.
Во женска конкуренција Ане Увческа од клубот Скај Рајдер e освојувач на првото место.
Се одржаа над 400 поединечни, и околу 100 тандем летови за сите оние што сакаат Параглајдерство со искусни пилоти во височините над Мечкин Камен во Крушево.
Ова е уште еден доказ дека „Прилеп-опен” прераснува во голем меѓународен турнир.
Заложбите на градот предводени од ветеранот во параглајдерството Миле Јованоски се Прилеп да прерасне во центарна Параглајдеристите од Балканот и Европа, а доказ за тоа е најавата за Европското првенство во Параглајдерски прелети закажано за 2016 на терените во Крушево и Трескавец.