Нов режим на сообраќај на крстосницата помеѓу „Туристичка“ и „Македонски Просветители“

Од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид информираат дека утре (недела), поради премин кон новиот режим на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и ул.„Македонски просветители“, семафорскиот систем ќе биде надвор од употреба и моторниот сообраќај ќе отпочне да се одвива по новиот кружен тек.

Меѓу другото се известуваат граѓаните дека за пешачки сообраќај нема да можат да ги користат постојните пешачки премини туку ќе треба да ги користат новите пешачки премини кои соодветно ќе бидат обележани.

Со оглед на тоа што активностите за изградба на примарниот и секундарниот кружен тек ќе траат до 15-ти ноември (недела) од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици, упатуваат апел до граѓаните да се придржуваат кон сообраќајните правила за користење на кружен тек имајќи ги во предвид и градежните активности коишто сеуште се во тек.

Со воспоставување на новиот режим на сообраќај на оваа крстосница, автобуската постојка кај зградата Печијаре ќе биде дислоцирана и префрлена кај медицинската лабораторија „Дарон“.