Јајцата од узвоз и од домашно производство се безбедни

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија најостро ги демантира објавите во дневните весници Вест и Утрински весник од 02.11.2015 година со наслови „Во Македонија се увезуваат небезбедни српски јајца“ и „ Небезбедни и препакувани јајца од Србија се продаваат во Македонија“.

Агенцијата за храна и ветеринарство одговорно и аргументирано тврди дека на македонскиот пазар нема небезбедни јајца, ниту од Република Србија ниту од домашно производство. Јајцата кои што се увезуваат од Република Србија ги исполнуваат сите безбедносни критериуми, а тоа е потврдено со взаемно признатите ветеринарни сертификати за безбедност помеѓу Република Србија и Република Македонија, како и со пропратните лабораториските анализи од акредитирани лаборатории во Република Србија.

При секој увоз на јајца на самиот граничен премин Официјален ветеринар врши контрола во делот на безбедноста и обележувањето на јајцата , а дополнителна контрола се врши и при истовар кај операторот увозник на јајцата од страна на Официјален ветеринар- инспектор и до овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство нема констатирано неусогласености во безбедноста и означувањето на увезените јајца.

Впрочем, Агенцијата за храна и ветеринарство со Групацијата за живинарство на истата тема минатата недела одржа дури три состаноци од кои два со помалите живинарски фарми и еден со претставници од големите живинарски фарми, во Стопанската комора на Македонија.

На состаноците Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство М-р Зоран Поповски, истакна дека исполнувањето на безбедносните критериуми на увезените јајца во Република Македонија е еднакво со безбедносните критериуми на домашно произведените јајца. Исто така на состанокот, претставниците од Групацијата за живинарство беа информирани за можноста за извоз на македонското јајце во Европската Унија, како и транзит на македонското јајце низ Европската Унија до Трети земји со што се отвора можноста за пласман на македонското јајце на пазарите на Европската Унија и на пазарите на Третите земји.

Агенцијата за храна и ветеринарство активно работи и на зајакнување на капацитетите и на малите живинарски фарми при што на двата одржани состаноци минатата недела беа сослушани живинарите за нивните проблеми и потреби со кои што се соочуваат.

Од состаноците произлегоа позитивни резултати, односно на домашните производители на јајца им беше понудена можност за откуп на вишокот на јајца, а исто така и диверзификација на производството во делот на производство на био јајце, јајце збогатено со витамини и минерали и слично. Добиената реакција од живинарите беше позитивна и резултат на тоа се повеќе склучени договори за откуп на вишокот на јајца, а во наредниот период се очекува и преземање на конкретни мерки во делот на диверзификацијата.

Агенцијата за храна и ветеринарство замолува и апелира до медиумите да известуваат одговорно и врз основ на претходно добро проверени и потврдени информации за материјата за која се известува, и во исто време да не создаваат паника и несигурност кај граѓаните на Република Македонија.

Агенцијата за храна и ветеринарство уште еднаш напоменува дека гарантира за безбедноста на храната на македонскиот пазар и подржува консумирање на домашни македонски производи.