Серија образовни работилници во организација на Американскиот Колеџ од Солун

Американскиот Колеџ од Солун (The American College of Thessaloniki – ACT), најавува повеќе активности за средношколците од регионот и во таа насока, на 21 ноември 2015 година, во Скопје (х. Квинс, Центар Зебра) со почеток во 12:00 часот, организира две едукативни работилници за македонските средношколци.

Работилница на тема: Создавање на мобилни апликации со App Inventor

App Inventor for Android (AIA) е нова алатка за визуелно програмирање развиена од Гугл, со која лицата кои не се програмери по професија можат сами да создаваат едноставни апликации за мобилни телефони поддржани со Андроид софтвер. На оваа работилница учесниците и практично ќе изработуваат апликации и ќе ги тестираат на телефоните.

Времетраење на работилницата: од 12:00 до 15:00 часот.

Работилница на тема: Рекламирање и промовирање преку социјалните медиуми

Целта на работилницата е запознавање со ризиците кои произлегуваат од најновите и најмоќните трендови на рекламирањето преку социјалните медиуми.

Времетраење на работилницата: од 12:00 до 15:00 часот.

Поради ограничениот број на места, потребна е навремена регистрација за учество на следниот линк: www.act.edu/think, каде воедно, може да се добијат и повеќе информации за работилниците.