СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против лицата А.Т.(22), П,Ј,(30) и М.А.(20) сите од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела ,,разбојништво“ при што се здобиле со противправна имотна корист од околу 29.240 денари. Од страна на судија во претходна постапка на А.Т. и П.Ј. одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена, додека М.А. се наоѓа во бекство.
Кривичните дела пријавените ги извршиле на 29 и 30. 10.2015 година во раните утрински часови на подрачје на Центар и Карпош.Првото кривично дело го извршиле на 29.10.2014 година, на булевар ,,Мајка Тереза“ во маркетот „Пингвин ММ компани“, на тој начин што застанале во кругот од Клиничкиот центар, во просторот од клиниката за метадонска терапија и оттаму го надгледувале маркетот. Пријавениот М.А. на А.Т. му ја дал неговата јакна и пиштол со кој истиот влегол во маркетот каде на вработената со закана и употреба на сила од регистар касата и одземал 17.600 денари . Оттаму сите тројца заедно отишле дома кај П.Ј. каде што ја оставиле јакната која А.Т. ја носел за време на извршување на кривичното дело, а одземените пари си ги поделиле и ги потрошиле за свои потреби.
Истиот ден откако се сретнале на железничката станица во населба Аеродром сите тројца после полноќ се качиле во автобус na ЈСП број 57 и се договориле да извршат разбојништво во бензинска пумпа на Макпетрол во населба Козле. Откако дошле во близина на бензинската пумпа пријавените А.Т и П.Ј. се маскирале и влегле во безнинската пумпа, додека М.А. останал да ги чека надвор. Првопријавениот со пиштол во рацете испукал еден куршум во воздух и со закана кон вработените им побарал да му ги дадат парите од дневниот промет. Откако ги одзеле паричните средства избегале во правец кон студентскиот дом “Гоце Делчев“, но на улица ,,Јуриј Гагарин“ биле забележани од страна на полициски службници. И покрај тоа што им била издадена наредба да застанат, истите продолжиле да бегаат и првопријавениот влегол во влез од една од зградите и качил на последниот кат. По кратко време истиот бил стигнат и совладан од полициските службеници од ПСОН Карпош. Останатите двајца пријавени се упатиле во правец кон булевар Илинден каде од страна на друг полициски службеник во близина на мостот “Гоце Делчев“ кај Влада на Република Македонија биле забележани и П.Ј. бил фатен и приведен во ПСОН Карпош.
Со наредба од судија на претходна постапка извршен е претрес во домовите на пријавените при што во домот на П.Ј. пронајдена е јакната со која е извршено разбојништвото во маркетот „Пингвин ММ компани“.
На 30.10.2015 година во ПСОН Карпош обавен е разговор со пријавените кои го признале и појасниле начинот на кој ги извршиле кривичните дела.
Имено сите три лица се и претходно познати сторители на кривични дела.