СВР Охрид со честитка по повод Денот на ослободувањето на Охрид

По повод одбележувањето на 7-ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, од СВР Охрид до сите граѓани упатуваат искрени честитки за среќен и долговечен празник.

„Почитувајќи ја борбата на нашите претци за слобода, како демократска институција, доследно ја продолжуваме борбата за мирен и безбеден Охрид.

Работиме професионално, неселективно, законски и етички, имплементирајќи ги современите Европски стандарди за полициско работење и проактивен пристап со јавноста. Посветено продолжуваме во сузбивањето на сите видови криминалитет, максимално посветувајки се на заштитата на човековите права и слободи и на вистинските вредности на нашиот Охрид и нашето демократско општество.“– стои во честитката.