Прв Меѓународен шаховски турнир „Шах без граници“

Во Скопје вчера се одржа Првиот меѓународен шаховски турнир „Шах без граници“ во чест на поранешниот шахист Тодор Митров – Тиката. На турнирот учествуваа повеќе од 200 шахисти, од кои 10 во женска конкуренција.

„Иницијативата на семејството е за поздрав и тоа што успеа да собере голем број шахисти од Македонија и околните држави на еднодневен турнир. Овие турнири се прв чекор за создавање на успешни македонски натпреварувачи, кои со своите резултати можат да се стекнат со некои од стипендиите што ги доделува Агенцијата за млади и спорт. Четворица македонски шахисти се носители на националното спортско признание или популарно наречената „спортска пензија“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

Агенцијата за млади и спорт ќе преземе чекори и да ја помогне кандидатурата на Република Македонија за организација на Шаховската Олимпијада во 2022 година.

Според претседателот на Македонскиот олимписки комитет Васил Тупурковски, ова е одлична иницијатива и голем потег.

„Македонскиот олимписки комитет ќе направи напори оваа манифестација да прерасне во традиционална и ќе ги искористиме и сите наши контакти да помогнеме и надвор од нашата земја“, истакна Тупурковски.

На турнирот настапија 16 велемајстори, од кои 61 странски учесници.

ams_sah_web_igri_bez_granici