Во Велгошти се проширува канализационата мрежа

Екипа на Јавното претпријатие „Нискоградба“ изведува градежна активност во село Велгошти, изведба на улична канализациона мрежа.

Со овој зафат приклучок во канализационата мрежа ќе добијат неколку семејства со што трајно се решава проблемот на одведување на отпадните води, кое пак од друга страна придонесува за зачувување на здрава животна средина.

kanalizaciona_mreza_velgosti_400

Одговорните во Нискоградба остануваат на заложбата да секаде каде што има минимални услови се прават напори за приклучување во канализационата мрежа.

kanalizaciona_mreza_velgosti_4002