Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ се вонредно ангажирани околу расчистувањето на јавните површини во градот од лисјата кои во овој период интензивно паѓаат.
„Паднатите лисја се расчистуваат и подигнуваат од сите јавни пешачки и сообраќајни површини во градот, независно од категоријата на улицата. Подигнатиот лист се транспортира во расадникот на јавното претпријатие, каде понатака се искористува како суровина во фазата на компостирање.
Оваа работна седмица се реализира и акцијата за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи по градската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република кај Чинарот“. Заради непречено одвивање на акцијата, истата се реализираше од раните утрински часови и беа ангажирани 4 комунални работници со специјални алатки.“ информираат од претпријатието.