Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.
На церемонијата, покрај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, присуствуваа деца од претшколската возраст од ЈДГ „8 Март” и ЈДГ „Весели цветови”, од општина Кисела Вода како ученици од V и VII одделение од ООУ „Драга Стојановска”, с.Ракотинци, о. Сопиште, и од ОУ „Љубен Лапе”, Скопје.
Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот на традиционален начин го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.
Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.