Утре ќе се подигнува зелен отпад од УЗ 11 „Видобишта“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од УЗ 11 „Видобишта“.

Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.