Меѓународен ден на толеранцијата

Во 1996 година, Генералното собрание на ОН (со резолуцијата 51/95) ги покани членките на ОН да го набљудуваат Меѓународниот ден на толеранцијата на 16 ноември, со активности насочени кон образовните институции и пошироката јавност.

Оваа акција следуваше на Годината на толеранцијата на Обединетите Нации, 1995, прогласена од страна на Генералното собрание на ОН во 1993 година на иницијатива на УНЕСКО, како што е наведено во Декларацијата за принципите на толеранција и Follow-up план за акција за годината.

Во 2005 година, Финалниот документ (A/RES/60/1) од Светскиот самит ја поткрепи посветеноста на шефовите на државите и владите да ја унапредат благосостојбата на човекот, слободата и напредокот секаде, како и за поттикнување на толеранцијата, почитувањето, дијалогот и соработката помеѓу различните култури, цивилизации и народи.