Јаховиќ се враќа во форма

Адис Јаховиќ се враќа во неговата добро препознатлива форма. По долгата повреда, тој денес постигна два голови за тимот на Крилја Советов на гостувањето против лидерот во Руската Премиер Лига, тимот на ЦСКА Москва, на чиј гол брани најдобриот руски голман, Игор Акинфеев.

Првиот гол за Крилја Советов, Јаховиќ го постигна во 52 минута, додека пак вториот во 66 минута. На крајот, головите на Јаховиќ беа клучни за конечниот резултат на овој натпревар, ЦСКА Москва 0:2 Крилја Советов.

Тимот на Крилја Советов се наоѓа на 10 место во најсилната лига во Русија. Може да се каже дека по повредата на Јаховиќ, тимот на Крилја Советов речиси и не знаеше да постигне гол, а до пред овој натпревар имаше 4 порази без постигнат гол. Со опоравувањето и враќањето на Јаховиќ во форма, Крилја Советов не би требало да има проблеми со обезбедувањето на опстанокот во Руската Премиер Лига.

WebOhrid