Во заедничка кординација на Здружението на пензионери Охрид и Дебрца и Основното училиште „Христо Узунов“ синоќа се одржа петата по ред Меѓугенерациска средба на пензионерите од Месниот огранок „Горна Влашка Маала“ и учениците од училиштето.
На оваа традиционална Меѓугенерациска средба што е проект на Европската унија а ја реализира СЗПМ, присутните ги поздравија претседателот на Месниот огранок Милан Малчески, директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски, претседателот на ЗП Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески, а од Локалната самоуправа заменик-градоначалникот, Ангел Јанев.
По заедничката средба на пензинерите и учениците на тема: Како се станува пензионер,кои се активностите и придобивките на пензионерите,беше изведена богата едно-часовна културно-уметничка програма, под раководство на наставничката по музика Вера Булоска.
Меѓугенерациската средба беше збогатена и со настапот на Пејачката група „Далги“ и Драмско-рецитаторската дружина „Развигорче“ при ЗП Охрид и Дебрца.
За успешната организација, придонесот и учеството во Меѓугенерациската средба која годинава одбележа мал јубилеј пет- години од постоењето, претседателот на ЗП Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески на директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски му врачи пофалница.