Асфалтирање на Табановце

Царинската управа на Република Македонија започна со реконструкција на асфалтните површини на граничниот премин Табановце кoе ќе трае во следните 15 дена. Асфалтирање се врши на влез во Република Македонија и тоа на делот од лентата за автобуси и пред колската вага за мерење на тешки товарни возила, како и на излез од терминалот пред наплатната куќичка.
 
Сообраќајот на влез во Република Македонија за тешките товарни возила ќе се одвива позабавено, но нема да има прекин.
 
За време на овој период, на граничниот премин Табановце ќе се царини само еднолична стока која е лесно бројлива, за останатите видови стока ќе видат транзитно пренапатени до царинска испостава по избор на увозникот.