Во периодот од 25 до 27 ноември 2015 година во Скопје се одржа 2-от Состанок на директори /шефови на криминалистичка полиција во рамките на македонското претседавање со Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа. На состанокот учествуваа претставници од сите Договорни страни на КПС ЈИЕ: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Унгарија, Македонија, Молдова, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија, како и претставници од меѓународни и регионални организации како ИОМ, DCAF и CEPOL.
Настанот беше поделен на три работни дела: имено, на прво место се најде темата за миграција и сите нејзини облици како актуелно најприсутна појава од интерес за сите земји од регионот и пошироко, што мпжеше да се забележи и по бројните презентации на истата. По неа се разгледуваше уште една значајна проблематика, односно тема, поврзана со борбата против трговијата со дрога, тема која е исто така и значајна и актуелна, и за која имаше речиси еднаков интерес како за првата.
Последна но, не помалку важна е и третата тема која го опфаќа идното одржување на состаноците во овој состав и на ова ниво која предвидува дислисија на тркалезна маса при што секоја земја треба да го изнесе своето мислење по истата.