Програма за одбележување на Денот на даночниците

Управата за јавни приходи разви посебна општествена одговорна програма која се фокусира на различни целни групи од потесната и пошироката општествена заедница.

Програмата која неколку години по ред се спроведува, а која ја вклучува и активната соработката со Синдикалната организација на УЈП, се фокусира на најранливите категории на граѓани, најмладите, вработените во УЈП, животната средина…преку организирање на крводарителски акции, донаторска помош, вградување на мерки и активности на даночната администрација за подигнување на свеста и едукација за заштита на животната средина, едукативни програми за јакнење на даночната свест кај најмладите…

Како што велат од УЈП целта е промоција на општествените вредности, кои се вградени во секојдневното делување на ова организација, а во пресрет на одбележувањето на Денот на даночници „29-ти Ноември“…

DSC07649 DSC07644_cr DSC07655