Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража

Намалена видливост поради магла има на планинскиот премин Плетвар со видливост од 70 до 100 метри, патниот правец крак Маврово – Маврови Анови со видливост од 10 до 15 метри и патниот правец Тетово – Попова Шапка со видливост од 20 до 30 метр, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на патиштата во западниот дел од Македонија се одвива по влажни коловози, а во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража, но не се задржува на коловозот.