Гласајте за WebOhrid за најдобар сајт за 2015 година

WebOhrid и оваа година учествува во трката за избор на најдобар веб сајт во Македонија. Гласањето за најдобар сајт за 2015 година започна oд 24-ти ноември и ќе трае до 9-ти декември.

WebOhrid e номиниран во три категории, и тоа: Најдобар сајт за 2015 година, Најдобар дизајн и Најдобар сајт за вести и информации.

Вашата поддршка може да ни ја дадете на следниот  → линк ←.

Најдобрите веб сајтови за 2015 ќе се прогласат на 14-ти декември 2015 година во холот на Македонска опера и балет во Скопје.

Сајт на годината е манифестација на која по шести пат ќе се избираат најдобрите веб сајтови во Македонија во повеќе категории. Манифестацијата е организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами KeepAnEye, под покровителство на ИАБ Македонија. Целта на манифестацијата е да придонесе кон развојот на веб сајтовите во Македонија и да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите, интернет маркетингот и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Манифестацијата предизвикува сé поголем интерес кај јавноста и десетици илјади интернет корисници учествуваат во предлозите и во гласањето за најдобар сајт.

Инаку, ова е второ учество на WebOhrid за избор на најдобар сајт, а оваа година можеме да се пофалиме и со новиот дизајн кој наиде на позитивни критики од страна на нашите читатели.

WebOhrid