Денес почнува следната тура на исплата на субвенции со која ќе бидат опфатени 16.000 земјоделци, а ќе се реализираат околу 8,5 милиони евра, рече премиерот Никола Груевски.
Одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новиот апарат за компјутерска томографија во поликлиниката Јане Сандански, Груевски напомена дека исплатата на оваа група земјоделци ќе заврши за максимум две до три недели.
„Се работи за нови 16.000 земјоделци кои ќе добијат субвеници. Од нив 6.000 се млекопроизводители, а 10.000 се од делот на поледелството. Сите ќе добијат субвенција од околу 8,5 милиони евра“, истакна Груесвки.
Засега, додаде, работите одат во добра насока, субвенциите се исплаќаат веднаш штом ќе се собере целата документација и се потврдат сите законски постапки.
„Задоволен сум од исплатата на субвенциите, а ова е следната група која ќе добие исплата“, потенцира премиерот Груевски.