Одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2015 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на Р.М.“ бр.52/06, 54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница, одржана на 23.11.2015 година донесе …

ОДЛУКА

за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2015 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

1.Во областа на воспитанието и образованието наградата им се доделува на:

-проф. д-р. Горан Ајдински, дефектолог

-проф. д-р Ратомир Гроздановски, теолог, библист и филолог

2. Во областа на културата и уметноста наградата му се доделува на:

– Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист

3.Во областа на здравството наградата и се доделува на:

– доц. д-р. Сци Аспазија Софијанова, педијатар

4.Оваа одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во „Службен весник на РМ“.

Наградата на добитниците ќе биде врачена на 8 декември 2015 година (вторник) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.